МОДЕЛИРАЊЕ НА ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ

Децата од групата „Срнички“ од Матичниот објект на возраст од 4-5 години преку набљудување и разговор за велигденските обичаи се запознаа со изгледот на велигденското јајце. Целта на активноста беше, задоволување на детската љубопитност за откривање на одредени визуелни и тактилни особености на ликовниот материјал, како и кај децата да се поттикнува интересот за моделирање на предмети со посложени форми.